(ВИДЕО) Израел прoдолжува да ја изгладнува Газа: Го молиме светот да ни помогне

Од:

Повеќе од 100 групи за помош испратија отворено писмо во кое предупредуваат дека милиони жители и деца во Газа гладуваат. Тие повикуваат Израел да ја прекине блокадата на хуманитарната помош која треба да дојде до енклавата. Во писмото се предупредува дека на дневно ниво само 27 комбиња со помош успеваат да влезат ов Газа каде помошта ја чекаат околу два милиони жители.

Се побројни се случаите на смртни случаи поврзани со преглднување. Деца умираат во ходниците на болниците затоа што се изгладнети и дехидрирани.

„Јас и моите деца си легнуваме гладни секоја вечер“, вели продавач на пазар во Газа за Би-Би-Си. „Сите луѓе во Газа се такви“.

Абу Ала вели дека не јаделе брашно три дена, па дури и со продажба на сите производи на неговата маса – кои се чини дека вклучуваат сува и конзервирана храна – тој сепак не би можел да купи половина килограм брашно.

„Не сме живи. Мртви сме. Го молиме целиот свет да интервенира и да нè спаси“.

Тој вели дека не може да си дозволи храна, а во Газа нема работа и пари.

За да го прехрани своето семејство, тој оди во кујната за храна ако е отворена, ако не, „не јадам“.

Дописникот на Би-Би-Си Рушди Абулуф пишува дека основните производи во Газа сега се „цени далеку над можностите на повеќето семејства“.

Министерството за здравство, управувано од Хамас, вели дека болниците регистрирале уште 10 смртни случаи поради глад во последните 24 часа.

Во соопштението се додава дека со ова вкупниот број на смртни случаи поради глад се искачи на 111, од нападите на 7 октомври 2023 година.

Би можело да ве интересира

Израел ја крена во воздух тунелската мрежа на Хезболах, регистриран e и земјотрес

Горан Наумовски

„Политико“: Вашингтон молчи додека Британија и сојузниците воведуваат санкции за израелските доселеници

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Четири лица загинаа, а 20 се ранети во израелски напади врз јужен Либан

Ескалација на Блискиот Исток: Израел со нови воздушни напади врз јужен Либан

Сар ѝ се заканува на Британија: Ако работите против Израел, ќе добиете одговор