Пожарот во 40-катниот облакодер во чеченската престолнина е целосно изгаснат.
Според соопштението на Министерството за вонредни состојби нема повредени во пожарот, со кој пожарникарите се бореле над седум часа. Огнетата стихија се распространи на околу 18.000 метри квадратни во објектот висок 145 метри во луксузниот комплекс „Грозни сити“.
Во гаснењето на хеликоптерот учествувале и хеликоптери.
Противпожарните служби успеале да ги заштитат од пожарот околните згради во комплексот, вклучувајќи го и хотелот каде се наоѓал и апартманот на францускиот актер Жерар Депардје, што му е подарок од чеченскиот претседател Рамзан Кадиров.
Зградата е една од највисоките во Чеченија, а освен хотел со пет ѕвезди во неа се наоѓаат и луксузни апартмани.
Пожарот избувнал меѓу четвртиот и петтиот кат, а набрзо се проширил на сите катови.
Евакуирани се околу 300 луѓе, а полицијата потврди дека никој не е повреден.
Според првичните информации, пожарот го предизвикал кус спој.