ВИДЕО: Исчезната жена по две години пронајдена среде океан

Од:

Жена од Колумбија која две години се водела како исчезната, беше пронајдена жива на два километра од брегот на градот Пуерто Колумбија, во водите на Атлантскиот Океан.

Анхелика Гаетан (46) во саботата случајно ја пронашол рибарски брод, како плута во водата на гума за спасување. Била истоштена, со хипотермија и не знаела каде се наоѓа.

Полицијата почна истрага за случајот, за да се открие каде била спасената жена изминативе две години и како завршила во океанот.

Според тамошните медиуми, таа била во водата најмалку осум часа, пред да биде извлечена и префрлена в болница, по што долго време била во шок.

Нејзиното семејство веќе почнало да собира пари за таа да се врати во родната Богота.

Би можело да ве интересира

Петро: Кокаинот е нелегален само затоа што доаѓа од Латинска Америка

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он