ВИДЕО: Иранските ракети погодија израелски градови, има жртви

Од:

Ирански ракети погодија неколку градови во централен Израел, пријавена е поголема штета, а се јавува и за жртви.

Според првите извештаи од израелските медиуми, во најновиот ракетен напад од Иран, ракети погодија неколку градови во централен Израел.

Спасувачките служби пријавуваат поголема штета на зградата во Бат Јам, каде што сè уште трагаат по повредените.

Службата за итни случаи „Маген Давид Адом“ објави дека има неколку лица со умерени и полесни повреди во Бат Јам, додека екипите сè уште го пребаруваат погодениот објект.

Противпожарната и спасувачка служба, исто така, пријави можен директен удар врз зграда во Реховот, како и удари во Тел Авив и трговски центар во Кирјат Екрон.

Снимките од терен покажуваат штета на повеќекатните згради и возила.

Би можело да ве интересира

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Bloomberg: Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран ги обвинува САД за поттикнување шпионажа: Награда од 20 милиони долари ги става нуклеарните постројки во опасност