Потрагата по иранскиот претседател Ебрахим Раиси трае веќе два и пол часа и засега нема индикации дека шефот на државата е жив.
Видеата на иранската државна телевизија, на кои се прикажуваат молитвите на Иранците во храмот Имам Реза, додека тие се загрижени за судбината на својот претседател, набрзо го обиколија светот.
Iran's state TV is airing a live broadcast of prayers held at Imam Reza Shrine in Mashhad for Raisi's health. pic.twitter.com/JA5R6bgYZS
— Iran International English (@IranIntl_En) May 19, 2024
Потсетуваме, претседателот на Иран, Ебрахим Раиси се враќаше од церемонијата на отворање на браната на границата на Иран и Азербејџан, кога неговиот хеликоптер наводно се урна при слетување во регионот Варзакан, на 600 километри од Техеран.
Иранската делегација патувала со три хеликоптери.
Останатите два летала со министрите пристигнаа безбедно на својата дестинација.
Најмалку 40 тимови за брз одговор го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател.
Нема детални информации за локацијата и состојбата на претседателскиот хеликоптер. Последната точка каде што работел хеликоптерот ГПС била во близина на рудникот за бакар Сангун, јавува Прес ТВ.