(ВИДЕО) Иран: Петмина загинаа во напади врз петрохемиска фабрика

Од:

Пет лица загинаа, а 170 беа повредени во израелско-американските напади врз петрохемиски објект во југозападен Иран, изјави вечерва висок ирански функционер.

„Пет лица беа маченички убиени по непријателските американско-ционистички напади врз компании лоцирани во специјалната економска петрохемиска зона во Махшар“ во покраината Хузестан, изјави заменик-гувернерот на регионот, цитиран од новинската агенција ИСНА.

Валиолах Хајати рече дека 170 лица се повредени, но не се хоспитализирани.

Претходно, најавувајќи го нападот, Хајати рече дека три компании во областа биле погодени.

Израел нападна ирански петрохемиски објекти, потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува Си-Ен-Ен. Нападите се случија откако иранските власти објавија дека неколку петрохемиски компании во југозападната покраина Хузестан беа погодени во саботата.

„Ви ветив дека ќе продолжиме да го уништуваме терористичкиот режим во Техеран и токму тоа го правиме“, рече Нетанјаху.

Тој додаде дека Израел веќе уништил 70 проценти од капацитетот за производство на челик во Иран и сега ги таргетира петрохемиските постројки.

Би можело да ве интересира

Кувајт: Ирански беспилотни летала нападнаа нафтен комплекс и владини канцеларии

Иран тврди: „Соборивме американски Ц-130, соборивме и хеликоптери“

Контранапад на Иран: „Целиот регион ќе гори“

Золфагари: Иран собори уште еден американски „Херкулес“

Тасним: Неколку американски војници загинаа во спасувачка операција во Иран

Техеран не попушта: Одбиен е новиот ултиматум од Трамп