(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Од:

Шведска и Иран разменија затвореници, потврдија официјални лица, при што Шведска ослободила поранешен ирански функционер осуден за неговата улога во масовна егзекуција во 1980-тите, додека Иран ослободи двајца Швеѓани кои биле држени таму.

Размената на заробениците била посредувана од Оман, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на таа земја. „Напорите на Оман резултираа со тоа што двете страни се договорија за заедничко ослободување, бидејќи ослободените беа префрлени од Техеран и Стокхолм“, се вели во соопштението.

Шведска го ослободи поранешниот ирански функционер Хамид Нури, кој беше осуден за учество во масовно егзекуција на политички затвореници во Иран во 1988 година. Иранската официјална новинска агенција ИРНА објави снимка од пристигнувањето на Нури на аеродромот Мехрабад во Техеран каде што беше пречекан од неговото семејство.

Во меѓувреме, шведските државјани Јохан Флодерус и Саид Азизи, кои беа приведени во Иран, беа ослободени и вратени во Шведска каде пристигнаа доцна синоќа. Шведскиот премиер Улф Кристерсон рече дека и двајцата се во добра состојба со оглед на околностите и дека се обединети со нивните семејства.

„Иран ги искористи и двајцата како пиони во цинична преговарачка игра со цел да го ослободи иранскиот државјанин Хамид Нури од затворот во Шведска. Тој беше осуден за тешки злосторства извршени во Иран во 1980-тите“, рече Кристерсон во соопштението.

„Како премиер, имам посебна одговорност за безбедноста на шведските граѓани. Затоа, владата интензивно работеше на ова прашање, заедно со шведските безбедносни служби кои преговараа со Иран“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје