ВИДЕО: Имаме нукалеарна подморница до нивниот брег, Трамп му одговори на Путин за „летечкиот Чернобил“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп објавата на рускиот претседател Владимир Путин за успешното тестирање на нуклеарна ракета денеска ја оцени како „несоодветна“.

Несоодветно е Путин да го каже тоа. Тој треба да ја заврши војната во Украина, изјави американскиот претседател за време на неговата азиска турнеја.

„Тие знаат дека имаме нуклеарна подморница – најдобрата на светот – веднаш до нивниот брег. Значи, не ни треба ракета што лета речиси 8.000 милји. Тие не си играат со нас, а ние не си играме со нив.

Постојано правиме ракетни тестови, но како што реков, имаме нуклеарна подморница – не треба да пукаме на тој дострел“, рече Трамп.

„Патем, тој треба да ја заврши војната во Украина. Војната што требаше да трае една недела сега е речиси во својата четврта година. Тоа е она што треба да го прави, а не да тестира ракети“, додаде Трамп, зборувајќи со новинарите на бродот „Ер Форс Уан“.

Оваа војна, која требаше да трае една недела, е на прагот да влезе во својата четврта година, рече Трамп, додавајќи дека Путин треба да се занимава со таа војна наместо да тестира ракети.

Рускиот претседател вчера објави дека е успешно извршен последниот тест на нуклеарната ракета „Буревестник“, пофалувајќи го тоа, според него, „уникатно“ оружје со дострел до 14.000 километри.

Одлучувачките тестови сега се завршени, рече Путин во видео објавено од Кремљ за време на состанокот со воените претставници.

Тој нареди почеток на „подготовка на инфраструктурата за распоредување на ракетниот систем „Буревестник“ во руските вооружени сили“.

За време на последниот тест, ракетата беше во воздух „околу 15 часа“ и прелета 14.000 километри, изјави началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов, додавајќи дека „ова не е границата“ на ова оружје.

„Техничките карактеристики на „Буревестник“ овозможуваат да се користи со загарантирана точност против високо заштитени локации на кое било растојание“, рече Герасимов.

Во 2018 година, Путин објави дека руската војска развива производство на ракета која, според него, може да ги надмине сите системи за пресретнување.

Би можело да ве интересира

Трамп: Воведувам глобални царини од 10 проценти

Горан Наумовски

Претседател на САД тврди: Постојат алтернативи на царините

Американските акции растат откако Врховниот суд пресуди против царините на Трамп

Врховниот суд на САД ги поништи царините на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Апсења во Молдавија: Планирале убиства на познати Украинци по наредба на Русија

ВИДЕО: Застој во преговорите, Трамп размислува за ограничен воен удар за да се присили Иран на договор

Катерина Ѓуровски