(ВИДЕО) Илон Маск: „Кога ќе убиете дете во Газа, создавате пет нови членови на Хамас“

Од:

Милијардерот Илон Маск зборуваше за моменталната ситуација на Блискиот Исток во интервју за американскиот подкастер Лекс Фридман.

Илон Маск истакна дека во речникот нема збор за да се опише моменталната ситуација.

„Моето строго мислење е дека целта на Хамас беше да предизвика претерана реакција од Израел. Тие (Хамас) не очекуваа воена победа. Тие навистина сакаа да ги извршат најлошите злосторства што можат за да предизвикаат најагресивен можен одговор од Израел и да го искористат тој одговор за да ги соберат муслиманите ширум светот за Газа и палестинската кауза“, рече извршниот директор на Тесла.

Маск исто така додаде дека би било соодветно Израел да ги најде членовите на Хамас и „или да ги убие или да ги затвори“, но тој исто така повика на хуманитарна помош во Газа.

Најбогатиот човек на светот додаде дека Израел треба да биде транспарентен за војната, за луѓето да не мислат дека тоа се некои трикови, но исто така додаде:

„Прашањето е, за секој член на Хамас што ќе го убиете, колку нови создавате? Ако повеќе создаваш отколку што уништуваш тогаш не си успеал. Со сигурност може да се каже дека доколку убиете нечие дете во Газа, ќе создадете неколку членови на Хамас кои ќе умрат само за да убијат Израелец“, заклучи Маск.

Би можело да ве интересира

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници

ВИДЕО: Раселените Палестинци масовно се враќаат во домовите на северот на Газа

ВИДЕО: Израелските затворенички му се заблагодарија на Хамас за добриот третман

А1он

Хамас ослободи четири припаднички на израелската војска

А1он

Преживеана од нападот на Хамас ќе го претставува Израел на Евровизија

А1он