ЖИВО: Илон Маск ја лансира најмоќната ракета во историјата, почна одбројувањето

Од:

Starship е најмоќната ракета некогаш направена, а SpaceX, во сопственост на милијардерот Илон Маск, денеска го прави своето прво лансирање.

Ѕвездениот брод е висок речиси 120 метри и има речиси двојно поголем потисок од која било ракета во историјата. Пробно лансирање без екипаж треба да се изврши денеска од Бока Чика, Тексас. Целта е да се одвои еден дел од леталото по лансирањето и да се испрати на исток за да се направи круг околу Земјата.

Претпоставувајќи дека сè оди според планираното, Starship ќе се подигне со своите 33 мотори кои горат две минути и 49 секунди. После тоа, двете половини од ракетата ќе се разделат, а горниот дел, самото летало, ќе продолжи со своите мотори уште шест минути и 23 секунди.

На долг рок, SpaceX очекува и засилувачот и вселенското летало да вршат контролирани слетувања за да можат да наполнат гориво и повторно да се лансираат.

Еден од најзаинтересираните гледачи во понеделник ќе биде американската вселенска агенција НАСА.

НАСА му дава на SpaceX речиси 3 милијарди долари за развој на варијанта на Starship што ќе се користи за слетување на астронаутите на Месечината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) SpaceX на Илон Маск го откажа лансирањето, Starship има проблеми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најголемата ракета во светот се подготвува за пробниот лет

„Спејс Икс“ лансира 52 сателита „Старлинк“ во орбитата на Земјата

Ана Ололовска

Првиот вселенски туристички лет на „Спејс-Икс“

Ана Ололовска

Спејс Икс утре ќе однесе четворица астронаути на Меѓународната вселенска станица

Ана Ололовска

Илон Маск продолжува со градбата на новите погони во Тексас

Ана Ололовска