ВИДЕО: Илјадници луѓе излегоа на анти-НАТО протест во Мадрид

Од:

Илјадници луѓе денеска протестираа во Мадрид поради одржување на Самитот на НАТО следната недела во главниот град на Шпанија.

Демонстрантите порачаа дека зголемувањето на финансиите за војската, што НАТО го бара од европските партнери, го гледаат како закана за мирот.

– Решението што тие го предлагаат е повеќе оружје и повеќе војни, а ние секогаш плаќаме за тоа. Значи, не за НАТО и за воените бази. Американците нека си заминат и да не остават на мир, без војни и оружје, изјави демонстрантката Конча Хојој.

– Според организаторите на протестот учествувале околу 5.000 луѓе.

Самитот на НАТО е закажан на 29 и 30 јуни, а ќе се одржи под сеопфатни безбедносни мерки.

Главни теми ќе бидат предизвиците без преседан, што произлегуваат од руската инвазија врз Украина и барањето за членство на Финска и Шведска, на што се спротивставува Турција.

Шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес изјави дека на Самитот ќе се разговара и за заканата што доаѓа од јужното крило на Европа, Африка. Според него Русија претставува закана и за тоа јужно крило на Европа.

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје