(ВИДЕО) Хорор во Франција: Телата на мајка и четири деца пронајдени во стан, се трага по таткото

Од:

Француското обвинителство покрена истрага за повеќекратно убиство откако во понеделникот вечерта беа пронајдени пет тела во градот Мо, североисточно од Париз.

@remybuisine

🚨 À Meaux, une femme et ses 4 enfants retrouvés morts, le père suspecté.

♬ Snowfall – Frank Saint – JP DA G

Локалните медиуми јавуваат дека жена и нејзините четири деца се жртви на повеќекратно убиства, пренесува Фигаро.

Веб-страницата Actu17, која прва објави за овој случај, наведува дека полицијата трага по 33-годишниот татко, кој е „во бегство“. Медиумите пишуваат дека таткото веќе и е познат на полицијата и е главен осомничен во овој случај.

Телата се пронајдени во стан во градот Мо, кој е оддалечен 41 километар од Париз. Истрагата е во тек, а повеќе информации ќе бидат објавени подоцна.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано