ВИДЕО: Хирурзи вo Молдавија оперираат со електрични дупчалки и клешти

Од:

Видео запис објавен на Интернет на кој се гледа како молдавски хирурзи оперираат со електрични дупчалки, предизвика скандал во Молдавија, една од најсиромашните поранешни советски републики.

Според објаснувањата на хирургот Николае Курка, кој оперирал момче во педијатриската болница во Кишињев, медицинскиот персонал бил принуден да се служи со вакви инструменти од финансиски причини, бидејќи другите инструменти биле многу поскапи.

– Требаше да го пробиеме зглобот кај лакотот на момчето и тоа го направивме. Овие бормашини како и клештите имаат само една неповолност, тешко се стерилизираат, изјави лекарот.

Хирургот тврди дека откако болницата не купува соодветна техника, тој и уште 16 негови колеги користат обични дупчалки.

Записот, што се појави оваа седмица на Интернет, беше емитуван на сите телевизии во Молдавија и предизвика реакција на Владата.

– Болницата доби три нови медицински дупчаки, не разбирам зошто употребуваат вакви инструменти, изјави министерот за здравство Андреј Усати.

Премиерот Јури Леанка нареди да биде проверен инвентарот во сите болници, ако е потребно да бидат купени неопходните уреди и да се посочат виновниците за настанатата состојба.

Би можело да ве интересира

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Во Молдавија речиси 22.000 потрошувачи останаа без струја поради снежната бура

Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Кучето на Санду го касна прстот на австрискиот претседател