ВИДЕО: Хезболах тврди дека погодил воени позиции и касарна, Израел признава “инцидент“ во северниот дел

Од:

Хезболах соопшти дека утрово извршил серија напади врз Израел, вклучително и ракетен напад врз израелска касарна.

Во три напади што се случија меѓу 07:15 и 07:20 по локално време, проектили ги погодија израелските сили собрани во населбите Штула и Маскаф Ам и „група израелски непријателски сили во касарната Шомера“, според изјавите на Хезболах утринава.

Групата вели дека постигнале неколку „директни“ и „прецизни“ удари. Соопштението дојде откако Хезболах соопшти дека ги одбил силите во либанскиот град Адаисе. Израел се уште не ги коментираше тврдењата на Хезболах.

Портпаролот на израелската болница Рамбам изјави за Си-Ен-Ен дека имало „инцидент“ во северниот дел на земјата, но рече дека не може да коментира за бројот на лица примени на лекување.

Си-Ен-Ен се обрати до болницата откако Хезболах тврди дека успешно ги гаѓале воените позиции во северен Израел, вклучително и касарна. Болницата Рамбам е главната медицинска установа во северен Израел и клучна локација за лекување на ранетите војници во тој регион.

Си-Ен-Ен побара коментар до израелската војска, која рече дека не може ниту да ги потврди ниту да ги негира извештаите. Хезболах тврди дека ги погодил израелските сили на повеќе локации во изминатите неколку часа, вклучително и касарна во близина на Шомере и во Штула и Мисгав Ам. Групата, исто така, рече дека спречила израелски воен упад во либанскиот град Ал Адеса.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници