(ВИДЕО) Хеликоптерот на Раиси бил надвор од радарот речиси еден час пред „грубо да слета“

Од:

Хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател и неколку други политичари, наводно, денеска бил надвор од радарот речиси еден час, пред „грубо да слета“. Информациите од Иран се нејасни. Една агенција објави дека тој го продолжил патувањето со автомобил, по копно, но потоа веста била избришана. Она што е сигурно е дека инцидентот со хеликоптерот се случил, а информациите за повредени се уште не се познати бидејќи спасувачките екипи не стигнале на местото на инцидентот.
На патувањето биле три хеликоптери. Видеото објавено од иранската новинска агенција покажува дел од регионот каде се верува дека е хеликоптерот.

Иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди објави на својот Твитер профил и напиша дека спасувачките екипи се уште не стигнале на местото на инцидентот во планините – каде се случи несреќата со хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател.

Тој истакна и дека се работи за принудно слетување поради тешки временски услови – магла.

На интернет се појавија наводни сведоци кои всушност го виделе инцидентот.

Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси (63) грубо слетал, објави во неделата државната телевизија, додавајќи дека на местото на инцидентот биле испратени дури 16 спасувачки екипи.

Би можело да ве интересира

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

Ким Јонг-ун испрати сочувство до Иран: Раиси беше извонреден државник и близок пријател

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси