(ВИДЕО) Хаос во Техеран: Граѓаните се евакуираат, продавници се затворени, редици на бензинските пумпи

Од:

Центарот на Техеран е видливо празен, а многу продавници, вклучувајќи ја и познатата Голема чаршија, се затворени, нешто што се случуваше само во минатото за време на масовни антивладини протести или за време на пандемијата на коронавирусот. Сообраќајни метежи се регистрирани на патиштата од главниот град до западен Иран, додека на бензинските пумпи се формираат долги редици.

Многу граѓани, според медиумските извештаи, се упатуваат кон регионот на Каспиското Море. И покрај растечките тензии, иранските власти тврдат дека ситуацијата е под контрола и досега не издале конкретни упатства за населението, објавува „Тајмс оф Израел“.

Локалните медиуми објавуваат дека најмалку три лица се убиени, а четири се ранети во израелски напад врз контролен пункт во близина на градот Кашан. Не е прецизирано дали жртвите биле цивили или припадници на војската.

Исто така, државната телевизија ИРИБ објави дека тројца нејзини вработени се убиени во израелски напад врз седиштето на медиумската куќа во Техеран во понеделник и дека неколку лица се повредени.

Би можело да ве интересира

Тврд став на Техеран – нема попуштање пред САД

ВИДЕО: Нуклеарен договор во замена за укинување на санкции, Иран им одговори на САД

ВИДЕО: Договор или многу трауматични последици – Трамп му дава на Иран еден месец

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Страшна експлозија го потресе главниот град на Иран

А1он

Трамп го испраќа најголемиот носач на авиони во светот на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Иранската телевизија објави „листа за отстрел“ на израелски функционери