Калифорниските власти затворија повеќе од 100 милји од меѓудржавниот пат 80 за сообраќај поради најсилното снежно невреме во сезоната во регионот Сиера Невада.
Населението е повикано да се држи подалеку од патиштата, бидејќи во некои области се очекуваат и до три метри снег, како и силен ветер, пренесува АП.
Повеќето од десетина скијачки центри околу езерото Тахо беа затворени, а на посетителите на националниот парк Јосемит им беше кажано да си заминат откако торнадо ја погоди централна Калифорнија.
Полицијата и другите агенции реагираа на десетици несреќи, бидејќи автомобилите влегоа во снежни наноси или заглавија на лизгавите патишта.
Предупредувањето за снежна бура е во сила до недела наутро на дел од 300 милји од Сиера Невада.
Метеоролозите предвидуваат дека за време на викендот на планините околу езерото Тахо може да падне и до три метри снег, а на брегот од езерото од 90 до 1,8 метри.
Налетите на ветровите се очекува да надминат 185 km/h на врвовите на Сиера Невада и 113 km/h на пониските височини.