ВИДЕО: Хаос во Ереван, граѓани бесни по договорот со Азербејџан, упаднаа во зградата на ерменската Влада

Од:

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан синоќа изјави дека со лидерот на Азербејџан, Илхам Алиев, потпишал декларација за прекин на војната во Нагорно Карабах, а „гарант“ на потписот е рускиот претседател Владимир Путин. Оваа одлука предизвика незадовоство во главниот град на Ерменија, Ереван, и упад на граѓаните во зградата на ерменската Влада.

„Донесов тешка, исклучително тешка одлука за мене лично и за сите нас. Потпишав декларација со претседателите на Русија и Азербејџан за прекин на војната, со почеток од 1 часот по полноќ”, напиша Пашинијан на Фејсбук.

Тој во статусот на социјалната мрежа наведува дека дека за него и за ерменскиот народ декларацијата е исклучително болна, но додаде дека одлуката ја донел врз основа на темелна анализа на воената состојба и врз основа на проценка на луѓето кои најдобро разбираат што се случува на теренот.

Ерменија и Азербејџан од крајот на септември се борат за Нагорно Карабах, планински регион во Азербејџан со мнозинско ерменско население.

Набрзо по статусот на Пашинијан на Фејбус во Ереван ноќеска дојде до демонстрации против одлуката за завршување на војната во Нагорно Карабах, а незадоволните граѓани го пробија кордон на безбедносните сили и упаднаа во зградата на ерменската Влада.

Тасс јави дека „агресивните демонстранти“ ја кршат влезната врата од владиниот кабинет.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“