Пратеникот Вахтанг Голанџи, е убиен за време на пукањето во парламентот на Абхазија, соопшти прес-службата на републичкото Министерство за здравство.
❗️🇬🇪⚔️🇷🇺 – Local sources confirmed a shooting today at the parliament in Abkhazia, a region of Georgia occupied by Russia since the 2008 invasion.
The incident is linked to the vote on a controversial law that would make it easier for Russian millionaires to acquire land,… pic.twitter.com/oGCmPZUYqD
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) December 19, 2024
Голанџи почина, на другиот ранет Кан Кварчија му е укажана сета потребна помош, тој е ранет во раката – изјави претставникот на прес-службата, пренесе ТАСС.
Претходно денеска извор од Генералното обвинителство на Абхазија за ТАСС изјави дека имало пукање во близина на зградата на парламентот и дека двајца пратеници се ранети.
Засега не се знае дали некој од осомничените е приведен, ниту кој е мотивот за пукањето.
Абхазија е еднострано прогласена држава на Кавказ.
Прогласи независност на почетокот на 90-тите години на 20 век, по распадот на Советскиот Сојуз и војната со Грузија.