ВИДЕО: Хамас објави видео од српскиот заложник

Од:

Хамас објави пропагандно видео на кое се гледаат двајцата заложници, Гај Гилбоа-Далал и 22-годишниот српски државјанин Алон Охел, како се возат низ градот Газа.

Целта на овој потег е очигледно да се влијае врз израелското јавно мислење, во екот на засилениот воен напад врз Газа.

Видеото, за кое се верува дека е направено минатата недела, го прикажува Гилбоа-Далал во автомобил како вози покрај разни локации, вклучувајќи го и седиштето на Црвената полумесечина. Оштетените згради може да се видат низ прозорецот на автомобилот. CNN ја потврди локацијата на снимката.

Кон крајот на видеото, Гилбоа-Далал и Алон Охел, државјанин на Србија, се прегрнуваат во автомобилот и изразуваат изненадување што се гледаат. „Не можам да верувам дека те гледам“, повторува Гилбоа-Далал.

Ова е една од ретките снимки што ги прикажува заложниците над земја. Гилбоа-Далал, веројатно под принуда, вели дека видеото е снимено на 28 август и дека е во заробеништво 22 месеци.

Објавувањето на видеото се совпадна со 700-тиот ден од војната, кога во Израел се одржаа протести со барање за ослободување на заложниците.

Би можело да ве интересира

Руски хеликоптер навлегол во финскиот воздушен простор по инцидент со руски брод во Балтичкото Море

ВИДЕО: Американците објавија нови снимки од НЛО, забележани над Блискиот Исток

Зеленски му се закани на Путин: Кримскиот мост нема да опстане

САД ја притискаат Украина да постигне мировен договор со Русија до јануари: Киев стравува од големи отстапки

Предраг Петровиќ

Бизарни детали од животот на Епстин: Во Москва барал млади манекенки и очајнички се обидувал да стигне до Путин

Силен земјотрес го погоди Перу: Тресењето почувствувано и во главниот град

Предраг Петровиќ