ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Од:

Хамас денеска предаде четири тела на заложници на Израел, меѓу нив три членови на семејството Бибас, мајката Шири и нејзините мали деца Кфир и Ариел. Беа на возраст од девет месеци и четири години во моментот кога беа коднапирани.

Ова е прва размена на мртви заложници од почетокот на прекинот на огнот во Газа минатиот месец. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „срцето на целата нација е растргнато“. Денеска е многу тежок ден за Израел – шокантен ден, ден на тага. Донесуваме дома четворица наши сакани, киднапирани.

Хамас тврди дека тројцата членови на семејството Бибас биле убиени во израелски напад во ноември 2023 година – Израел не го потврди ова и вели дека ќе го потврди нивниот идентитет само по форензичките тестови. Според Хамас четвртото тело припаѓа на 84 годишниот Одед Лифшиц, ветеран за мир и активист.

Би можело да ве интересира

Хамас: Израел е одговорен за животите на активистите на бродот „Мадлин“

ВИДЕО: Израел им се закани на Грета Трунберг и на активистите кои се брод се приближуваат до Газа

Катерина Ѓуровски

Пронајдени се телата на двајца заложници кои ги држеше Хамас

Најмалку 12 убиени во израелски напад на училиште во Газа

(ВИДЕО) 24 убиени во израелскиот напад на пункт за помош: Овде е колеж, сведочи британска докторка

Катерина Ѓуровски

Протест на Сите за Палестина против НАТО