НАСА објави спектакуларна снимка на ѕвезда што умира снимена од телескопот Хабл на планетарната маглина NGC 5189.
На зумираната снимка се гледа како маглината има испреплетена и фламентна структура. Формирана е од гас кој е настанат од умирачката ѕвезда која беше слична на Сонцето. Оваа појава од Земјата е оддалечена неколку илјади светлосни години и се наоѓа во јужното соѕвездие Musca.