ВИДЕО: Гумени куршуми и солзавец на протестите во Парагвај против слабиот одговор на владата кон Ковид-19

Од:

Во главниот град на Парагвај, Асунсион, синоќа дојде до немири кога демонстрантите, кои протестираат против слабиот одговор на владата на пандемијата со Ковид 19, се судрија со полицијата, пренесуваат британските медиуми.

Западните агенции јавуваат дека безбедносните сили испукале гумени куршуми и солзавец кон стотиците демонстранти, кои синоќа околу зградата на Конгресот, во центарот на Асунсион, ги уриваа и палеа поставените барикади на улиците и фрлаа камења кон полицијата.

Британските медиуми пренесуваат дека синоќешните немири се резултат на растечкото незадоволство од фактот дека инфекциите на коронавирусот во оваа јужноамериканска земја достигнаа рекордни нивоа, а здравствениот систем е пред колапс.

Претходно вчера, министерот за здравство Хулио Маколени поднесе оставка, откако пратениците ден претходно побараа негово отстранување од функцијата. Маколени е последниот во низата врвни здравствени работници низ Латинска Америка, кои во последните неколку недели беа принудени да поднесат оставка поради растечкото незадоволство на јавноста во врска со нивниот одговор на пандемијата и бавното спроведување на вакцинацијата.

Парагвај секој ден објавува рекордни бројки на новозаразени, додека податоците за вакцинацијата покажуваат дека земјата досега од Ковид-19 имунизирала помалку од 0,1 процент од своето население.

Би можело да ве интересира

Загина Валтер Хармс и уште тројца негови соработници

Парагвај има нов претседател

Ана Ололовска

ВИДЕО: Дилер во Парагвај силувал и убил девојче кое го купил од мајка му, снимен како ја носи

Ана Ололовска

Во Парагвај запленети рекордни 3,4 тони кокаин

Ана Ололовска

Во Парагвај сменети три министри поради насилните протести

Ана Ололовска

23 тони кокаин од Парагвај запленети во Германија и Холандија

Жарко Настоски