ВИДЕО: Громогласна експлозија уништи поплавена фабрика во Кина

Од:

Огромна експлозија во фабрика за алуминиумски легури во кинеската централна провинција Хенан се случи рано утрово, а причина за катастрофата се силните врнежи и поплавите во регионот, соопштија властите.

Според надлежните, сите вработени во фабриката и жителите на блиската област биле навреме евакуирани и нема извештаи за загинати и повредени.

На снимките од страотната експлозија, проследена со громогласен татнеж, се гледа и како пламените јазици високи десетици метри ја голтаат разнесената фабрика.

Властите соопштија дека експлозијата се случила откако водата од блиската река Јинге околу четири часот утрото го пробила заштниот ѕид, се излила и поплавила погон во кој имало хемиски раствор со висока температура. Компанијата Денгфенг Пауер Лимитед, во чија сопственост е уништената фабрика, соопшти дека навреме била исклучена струјата, заедно со евакуацијата на работниците. Во извештаите на кинеските медиуми се потенцира дека фирмата ги поминала сите седум ригорозни инспекции за заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

(ВИДЕО) Експлозија во Тексас: Четворица повредени, неколку домови оштетени

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски