Ураганот Ијан ја погоди Флорида, а за екстремните временски услови известуваше од терен и метеорологот Џим Канторе
Во 58 годишниот метеоролог на „The Weather Channel“ во еден момент удри голема гранка додека тој известуваше во живо, при што Џим ја загуби рамнотежата. Поради јачината на ветерот тој имаше потешкотии да се исправи и да продолжи.
Jim Cantore got hit by a flying tree branch during hurricane report pic.twitter.com/ybONC3VR51
— Gifdsports (@gifdsports) September 28, 2022
Колегите во студиото гледајќи ја ситуацијата го замолија да се засолни или да се врати во студиото од каде можат да го продолжат разговорот за ураганот кој ја опустоши Флорида.
Weather Channel anchor pleads with Jim Cantore to get off the street pic.twitter.com/D4sJyXQqlT
— Gifdsports (@gifdsports) September 28, 2022
Претходно, во текот на денот, Џим беше изненаден од удар на гром во негова близина.