(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Од:

Во зградата на Службата за безбедност на Украина (СБУ) во Запорожје, која беше погодена за време на нападот, имало офицери на НАТО, изјави за РИА Новости Сергеј Лебедев, координатор на движењето на прорускиот отпор од Миколаев.


– Еден од нападите беше врз зградата на СБУ, каде во тој момент се наоѓаа офицерите на земјите од НАТО. Населбата околу зградата е блокирана, а урнатините се отстрануваат. Според извештаите на медицинските екипи, досега се потврдени најмалку 15 починати странски државјани – рече Лебедев.

Нападите ги погодија и фабриките „Мотор Сик“ и „Прогрес“, додаде Лебедев.

– Првиот удар на „Мотор Сик“ се случи во 5 часот и 25 минути, а следеа уште два удари. Околу 5:50 видов експлозии кај „Прогрес“, со силна светлина – изјави тој.

Според него, фабриката „Мотор Сик“ се користи за подготовка и поправка на воена опрема, како и за склопување на дронови и обука на оператори. Фабриката „Прогрес“ ја користат вооружените сили на Украина за производство на мотори за ракетни системи и за поправка на тешка воена опрема. Дел од просториите на фабриката е претворен во складиште за муниција.

Како одговор на нападите на вооружените сили на Украина врз цивилни објекти, руските сили редовно изведуваат прецизни напади на локации каде што се лоцирани украински војници, опрема, платеници, како и на инфраструктурни објекти, вклучувајќи енергетски и воени објекти, административни згради и комуникација центри. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неколку наврати нагласи дека руската армија не цели на станбени згради и социјални објекти.

Би можело да ве интересира

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Четири лица се повредени во воздушен напад во Харков