(ВИДЕО) Гори зграда во Русија, загина дете, а тројца возрасни се повредени

Од:

Пожар избувна во зграда во градот Уљановск, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за вонредни состојби.

„Според првичните информации, пожарот првично зафатил три стана на третиот кат. Загина двегодишно дете, а тројца возрасни се повредени“, се вели во соопштението.

Сите расположливи служби за итни случаи излегоа на терен и помагаат во евакуацијата.

Гувернерот на регионот Уљановск им нареди на раководството на Министерството за здравство и Министерството за социјален развој веднаш да излезат на местото на настанот за да ја координираат медицинската помош на жртвите и да ги решат прашањата за финансиска помош.

Градските власти соопштија дека пожарот избувнал по експлозија на плинска боца. Некста, канал на Х, пишува дека жителите од горните катови мавтаат со рацете и бараат помош од спасувачите и дека според непотврдени информации има мртви.

Би можело да ве интересира

Пожар на руски носач на авиони, евакуирани 20 лица

А1он

ВИДЕО: Во Русија гори термоцентрала

А1он