ВИДЕО: Гори руска база на Крим, евакуација на 2000 луѓе

Од:

Сергеј Аксјонов, гувернерот на Крим поставен од Москва, на Телеграм напиша дека е планирана привремена евакуација на околу две илјади луѓе од областа Кировск на анектираниот полуостров. Причина за евакуацијата е пожар кој избувнал на воените полигони, јавува руската државна новинска агенција Тасс.

„Планирана е привремена евакуација на населението од четири населени места. Вкупно се работи за околу 2.000 луѓе“, рече Аксјонов. Тој потврди дека блискиот автопат Таврида е затворен. Поради пожарот е формиран кризен тим. Претходно, новинската агенција РБЦ-Украина објави дека имало експлозии на воените полигони за обука.

Инаку, Русите вчера објавија дека ноќта од понеделник кон вторник собориле 28 украински беспилотни летала над Крим. Според информациите на руското Министерство за одбрана, во тој напад нема жртви или материјална штета. Тој вчера уследи по нападот на дронови на украинската морнарица на мостот на Крим во понеделникот, кој предизвика штети и го прекина патниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски