(ВИДЕО) Горат неколку станови во западен Лондон

Од:

Околу 125 пожарникари се борат со пожарот кој избувна во неколку станови во западен Лондон, јавува Sky News. 20 противпожарни возила излегоа на местото на несреќата, по пожарот што избувна на Елм Роуд, во предградието Вембли.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека гори дел од покривот на зградата. Околните згради превентивно се евакуирани, соопшти противпожарната бригада.

„На луѓето им е кажано да ја избегнуваат областа додека интервенираат екипите. Една од 32-метарските скали на бригадата се користи како водна кула за гаснење на пожарот. Полицијата примила осум повици за пожарот, а првиот дошол во 17.42 часот. Пожарникарите од Вембли Парк Ројал и Нортолт се на лице место“, соопштија од противпожарната служба.

Би можело да ве интересира

Повторно активиран еден крак од пожарот на Јасен

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар на аеродром во Њујорк, се вклучија алармите, се евакуираат патниците

Пожар зафатил неколку куќи во струмичко Ново Село, во гаснењето ангажирани и два хеликоптера

Пчелар од струмичко предизвикал пожар, при гаснењето добил изгореници

Пожар во беровската месност Безгашчево