(ВИДЕО) Големо невреме во Европа, има и загинати

Од:

Невремето што трет ден ги погоди Британија, северна Германија и јужна Скандинавија донесе силен ветер, силен дожд и предизвика поплави, прекин на електричната енергија, евакуација на населението и прекин на воздушниот, железничкиот и поморскиот сообраќај.

Од четвртокот, најмалку четири лица загинаа во невремето, кое Метеоролошката канцеларија на Велика Британија го нарече Бабет, објави АП. Последната жртва е 33-годишна жена која вчера попладне загинала кога дрво паднало врз нејзиниот автомобил на островот Фемарн во Балтичкото Море.

Во Англија и Шкотска вчера и во четвртокот загинаа три лица. Ветровите предизвикаа бури на јужните брегови на Балтичкото Море, нарушувајќи ја заштитата од поплави во крајбрежните области на Данска и северна Германија.

Во Фленсбург, германски град јужно од границата со Данска, нивото на водата порасна за повеќе од два метра до највисокото ниво забележано во последните 100 години. Од безбедносни причини струјата беше исклучена во поплавените делови на градот. Фериботите и железничкиот сообраќај беа привремено прекинати во погодените области во Германија, Данска и јужна Шведска.

Аеродромот во Копенхаген вчера откажа 142 лета поради невремето, но утринава ги обнови летовите.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД