(ВИДЕО) Големиот пожар во Тексас ја зема првата жртва

Од:

Пожарот што во понеделникот избувна во Тексас досега се прошири на 445.000 хектари и брзо стана „најголемиот и најразорниот“ во историјата на таа американска сојузна држава.

Си-Би-Ес Њуз јавува дека пожарникарите досега успеале да го локализираат пожарот само на три отсто од територијата зафатена од пожарот кој почнал да се шири од округот Хачинсон.

Американската телевизија објави дека едно лице загинало во пожарот.

Поради пожарот привремено беше прекината работата на „Пантекс“, главната фабрика за производство на нуклеарно оружје, која се наоѓа на околу 50 километри од градот Амарило.

Британскиот весник Индипендент пишува дека производството било прекинато во вторникот вечерта.

– Го евакуиравме нашиот персонал, несуштински персонал, од фабриката, само како мерка на претпазливост – изјави Леф Пендерграфт, портпарол на Канцеларијата за производство на Националната управа за нуклеарна безбедност во „Пантекс“.

Би можело да ве интересира

Обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Предраг Петровиќ

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Двајца станари, пожарникар и полицаец се повредени во пожарот во зграда во Кисела Вода

Катерина Ѓуровски

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Две хаварисани возила изгореа во кругот на струмичката болница