(ВИДЕО) Големи поплави во Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Од:

Неколку региони во Германија, Белгија, Италија, Франција и Холандија се погодени од силен дожд и поплави, предизвикувајќи значителна штета. Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го посети регионот Сар, на границата со Франција и Луксембург, кој е најпогоден од порастот на нивото на водата по облачноста во текот на ноќта.

„Тука ја гледаме целата сила на природата и што може да предизвика и до кој степен треба да се подготвиме за вакви настани“, рече Шолц.

Во таа покраина пред 36 часа е прогласена вонредна состојба поради временските неприлики. Ова се најлошите поплави кои го погодија регионот на Сар во последните 30 години.

Откако насипите во Квиершид беа пробиени, властите ја прекинаа работата на електраната. Во Сар се мобилизирани околу 850 припадници на противпожарната служба и цивилната заштита. Германија се уште се сеќава на катастрофалните поплави од 2021 година во кои животот го загубија 183 лица.

Областа Лиеж во источна Белгија исто така е зафатена од поплави предизвикани од обилните дождови, кои веќе предизвикаа штети во Франција. На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се претежно интервенции за пумпање вода кои продолжуваат во сабота наутро“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Во Фурон, на североистокот на земјата, водата во некои куќи се искачи „до нивото на градите“, рече градоначалникот Јорис Гаенс, додавајќи дека тоа е најлошата поплава во историјата на Фурон.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот на земјата, кој се граничи со германскиот регион Сар, во раните утрински часови во саботата е вклучен алармот поради опасност од поплави.

„За помалку од 24 часа врнеше дожд колку цел месец“, соопштија властите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица