(ВИДЕО) Голема тепачка на седницата на тајванскиот Парламент

Од:

Невидена тепачка изби во петокот на седницата на тајванскиот Парламент на која требаше да се гласа за реформите во тој законодавен дом.

Многу пратеници извикуваа и се туркаа пред законодавниот дом. На видеата од салата се гледаат пратеници како се бркаат околу говорницата, додека други прескокнуваат маси и ги соборуваат колегите. Камерата сними и неверојатна сцена кога член на владејачката партија го грабнува пакетот реформи од рацете на опозицијата и бега низ салата.

Инцидентот се случи само неколку дена пред новоизбраниот претседател Лаи Чинг Те да ја преземе функцијата. Лаи, кој треба да биде инаугуриран во понеделник, победи на изборите во јануари, но неговата Демократска напредна партија (ДПП) оттогаш го загуби мнозинството во парламентот.

Би можело да ве интересира

Насилство на скопската обиколница, стопирал со полициска значка од татко му

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Велешанка заврши во притвор-истепала дете и фрлала камења по него

Предраг Петровиќ

Жена истепала продавачка во центарот на Скопје

Тепачка во средно училиште, се истепале двајца малолетници