(ВИДЕО) Голема експлозија во Севастопол: Погоден е штабот на Црноморската флота

Од:

Денес се случи силна експлозија во Севастопол, град кон не е само најголемиот на полуостровот Крим кој беше припоен од Русите во 2014 година, туку и клучно пристаниште каде што е сместена руската Црноморска флота.

Севастопол неодамна често е мета на украински воени беспилотни летала и крстаречки ракети. Според фотографиите и видеата кои денеска се проширија на социјалните мрежи, се чини дека експлозијата се случила токму во пристаништето, каде често се наоѓаат руски воени бродови.

Неофицијалните канали на Твитер, блиски до украинската страна, објавија видео на кое се гледа облак чад, при што локалните жители велат дека виделе ракети над градот непосредно пред експлозијата.

– Најмалку една украинска ракета го погоди седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, изјави локалниот проруски гувернер Михаил Развозаев.

Би можело да ве интересира

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија

Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Катерина Ѓуровски

Русите објавија фотографии: зазедовме клучен град во областа Курс

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства