(ВИДЕО) Голем украински напад на Крим: Гори бродоградилиште, 24 повредени

Од:

Гори бродоградилиште во Севастопол, Крим, а два брода се оштетени откако Украина рано утринава го нападна пристаништето со десет ракети и три глисери, соопшти руското Министерство за одбрана. Противвоздушната одбрана собори седум ракети, а патролниот брод ги уништи сите три чамци, додаде министерството на социјалната мрежа Телеграм.

„Како резултат на ударот на непријателските крстосувачки ракети, два брода кои беа на поправка се оштетени“, соопшти Министерството. Михаил Развозаев, прорускиот гувернер на Севастопол, најголемиот град на Крим и главното пристаниште на Црното Море, на Телеграм изјави дека најмалку 24 лица се повредени.

Стратешкото бродоградилиште на полуостровот, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, гради и поправа бродови и подморници за руската Црноморска флота, која изврши бројни напади со беспилотни летала и крстосувачки ракети врз Украина. Развозајев објави фотографија на која се гледа како гори пристанишната инфраструктура. Руските новински канали на Телеграм, исто така, објавија видеа и фотографии од пожар покрај морето.

Официјален Киев се уште не се огласил. Украина никогаш не презема одговорност за напади во Русија или на украински територии контролирани од Русија. Но, во последниве месеци се зборуваше за уништување на руската воена инфраструктура што ја помага контраофанзивата на Киев.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски