ВИДЕО: Голем протест во Лондон, поддршка за Палестина

Од:

Илјадници демонстранти се приклучија на денешниот пропалестински собир во центарот на Лондон, среде војната меѓу Израел и Хамас. Маршот започна околу 13 часот, а пропалестинските активисти претходно денеска го обоија седиштето на Би-Би-Си во црвено.

Активистичката група Палестинска акција ја презеде одговорноста за вандализмот на зградата рано утринава, обвинувајќи ја телевизијата дека има „палестинска крв на рацете“.

Поддржувачите на демонстрациите запалија црвени, зелени и црни факели и извикуваа „Слободна, слободна Палестина“ и „Од река до море, Палестина ќе биде слободна“. PA известува дека тензиите накратко зовреа меѓу демонстрантите и граѓаните на улицата Реџент.

Маршот е организиран од Кампањата за солидарност на Палестина заедно со голем број други групи: Пријатели на Ал Акса, Коалиција „Стоп за војната“, Муслиманско здружение на Британија, Палестински форум во Британија и Кампања за нуклеарно разоружување. Лондонската полиција распореди повеќе од 1.000 полицајци за да го обезбеди маршот и предупреди дека секој што ќе покаже поддршка за Хамас или ќе отстапи од рутата може да биде уапсен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел со проектили ја погоди главната болница во Газа

ВИДЕО: Хамас објави видео од израелскиот заложник што го држи во Газа 551 ден

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Израелските воени пилоти и рекоа на владата дека сакаат мир поради заложниците

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан