(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Валенсија

Од:

Голем пожар избувна во четвртокот попладне во градот Валенсија, а неколку противпожарни екипи се обидуваа да го изгаснат пожарот во 14-катница.

Како што соопшти Итната помош во Валенсија, на местото на настанот се мобилизирани 10 противпожарни единици и уште две возила. Станува збор за станбен објект кој се наоѓа во населбата Кампанар.

Итната помош извести дека пожарот избувнал на четвртиот кат од овој станбен блок. Од населението беше побарано да не се приближува до местото на пожарот и околните места, бидејќи може да биде опасно, како и да се олесни работата на екипите за итни случаи.

Според весникот „Леванте-ЕМВ“, пожарот веќе зафатил пет ката од овој катен станбен блок лоциран на Авенида Маестра Родриго, кој тешко се гаси поради пламените јазици кои неконтролирано се шират по фасадата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски