Голем пожар изби на нафтена платформа на националната компанија Пемекс во Мексиканскиот Залив. Според првичните информации на властите, загинал еден човек и 45 се повредени. Триста лица од платформата се евакуирани.
Пожарот најверојатно избил во просториите за сместување на работниците.
Платформата Абкатун Перманенте се наоѓа полуостровот Јукатан. Според податоци од 2013 година таму се добиваат по 300 илјади барели нафта на ден.
¡Impresionante! #Video del incendio de la plataforma Abkatun Alfa en la Sonda de #Campeche #PEMEX @OlmecaDiario pic.twitter.com/E7RxBzdQzR
— Sistema Informativo (@SistemaInfoVEOO) April 1, 2015