Си-ен-ен јавува дека е во тек голем напад врз стратешкиот поморски град Миколаив во јужна Украина. Русите го напаѓаат од воздух и од земја.
Си-ен-ен пишува дека нападот дошол откако украинските војници испукале предупредувачки истрели и откриле неколку саботери.
#Ukraine ??: brutal bombardments on #Mykolaiv (#Nikolaiv) tonight. pic.twitter.com/9sQg0mkUJ0
— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) February 26, 2022
Градот кој се наоѓа кај Црното Море денеска го подигна својот мост, за што локалните жители велат дека се случува многу ретко.
Мостот наводно бил подигнат за да ја прекине врската меѓу северниот и јужниот дел на градот, откако се појавија непотврдени информации за слетување на руски падобранци во северните делови на градот.