ВИДЕО: Гневни луѓе во Кина протестираа против карантинот, уриваат бариери поставени од властите

Од:

Жителите на кинескиот Гуангжу, град под карантин поради коронавирусот, излегоа на улиците за да го покажат своето противење на строгите мерки против пандемијата. Снимките и сликите кои кружат на социјалните мрежи покажуваат лути демонстранти како ги уриваат бариерите поставени од локалните власти, пишува Си-Ен-Ен.

Се шират снимки на кои се гледаат голем број луѓе кои ги прескокнуваат срушените бариери во градскиот кварт Хаижу, кој се смета за епицентар на епидемијата во градот и е под се порестриктивен карантин од 5 ноември.

На видеото се слуша тропот од метални бариери кои паѓаат и овации на толпата. Се верува дека видеото покажува настан што се случил доцна навечер во понеделникот.

На едно видео, медицинските работници во заштитна облека може да се видат како стојат на страна додека бариерите паѓаат се обидуваат да разговараат со луѓето на улиците. Нема информации за бројот на демонстрантите и времетраењето на протестот. Телефонски оператор од владина канцеларија во округот Хаижу не сакал да одговори на прашањето дали имало протести во последните денови.

Инфекцијата се шири и покрај мерките

Јавните протести се исклучително ретки во Кина, а властите успешно го спречуваат секој обид за критика. Овој протест е јасен знак за зголемен гнев и очај кај јавноста поради строгото спроведување на стратегијата нулта ковид. Гуангжу во вторникот пријави повеќе од 5.100 нови случаи на коронавирус, од кои повеќето немаат симптоми.

Се поставува прашањето дали стратегијата на Кина за борба против коронавирусот навистина може да биде успешна, со оглед на новите варијанти на вирусот кои брзо се шират, пишува Си-Ен-Ен. Кинеската Национална здравствена комисија објави повеќе од 17.772 нови случаи на инфекција низ целата земја, што е највисок вкупен број од април 2021 година, при што Гуангжу сочинува повеќе од една четвртина од тие случаи.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени