ВИДЕО: Германска опозициска политичарка нападната со торта

Од:

Членот на раководството на партијата „Левица“ Сара Вегенкнехт била нападната со торта поради нејзините јавно искажани ставови за бегалците.

Политичарката била нападната во Магдебург каде што денеска нејзината партија одржува конгрес, а нападот го извршила група што се нарекува „Антифашистичка иницијатива – Торта за мизантропите“, која пред конгресот дистрибуирала флаери во врска со позициите на Вегенкнехт за бегалците.

Опозициската политичарка смета дека Германија мора да воведе горна граница за прием на бегалци и дека „не сите бегалци можат да дојдат во земјата“ што предизвика и внатрешен судир во „Левицата“, која е најголема опозициска партија во актуелниот германски федерален Парламент.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија