ВИДЕО: Газда на бутик во Бразил со пиштол сотре тројца разбојници

Од:

Драматична снимка од пукање во Бразил, објавена денеска, покажува како еден сопственик на продавница за спортска облека им се спротивставува на тројца разбојници кои сакале да го ограбат бутикот.

Инцидентот се случил во градот Сорокаба, на 75 километри од Сао Паоло.

Безбедносната камера „фатила“ како тројцата криминалци го држат на нишан газдата на бутикот, кој полека се движи од позади касата кон нив. На изненадување на разбојниците, во еден момент тој вади пиштол сокриен во појасот и веднаш почнува да пука.

Еден од ограбувачите стигна да истрела еден куршум кон сопственикот на продавницата, но промаши, а веднаш потоа беше погоден, додека газдата на продавницата продолжи да ги решета ограбувачите и откако паднаа на земја.

Според полицијата, двајца од разбојниците починале на местото, додека третиот бил ранет и успеал да побегне, пред и тој да им подлегне на раните.

Сопственикот на продавницата избегал, а со себе го зел и пиштолот. Засега нема информации за тоа дали против него ќе биде подигнато обвинение.

Би можело да ве интересира

Осум осомничени за престрелката и убиството во Чаир

Инцидент во Германија: Tинејџер со пиштол пукал во поранешна девојка

Горан Наумовски

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски