(ВИДЕО) Газа: Најмалку 30 загинати по напад на зграда, главно жени и деца

Од:

Цивилната одбрана во Појасот Газа денеска соопшти дека 30 лица загинале, меѓу кои жени и деца, додека неколку десетици се водат за исчезнати во израелски напад врз станбена зграда во Беит Лахиа на северот на палестинската територија.


Израелската војска, од своја страна, потврди за АФП дека извршила ноќни рации во областа, тврдејќи дека мета биле „терористички цели“.

По тој воздушен напад среде ноќ, најмалку 30 тела беа извлечени од урнатините на урнатата петкатница, а неколку десетици луѓе се уште се под урнатините, изјави портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал.

„Шансите да се спасат луѓе се намалуваат поради континуираното пукање и артилериско бомбардирање“, додаде Басал.

Палестинското исламистичко движење Хамас го осуди „масакрот што е дел од геноцидната војна против невооружените цивили“.

„Сметаме дека американската администрација е целосно одговорна за продолжувањето“ на војната, рече портпаролот на претседателството на палестинската управа Набил Абу Рудејна во Рамала, алудирајќи на нападите врз Беит Лахиа.

Според него, САД му дозволуваат на Израел „да избегне каква било одговорност и да ги пречекорува резолуциите на меѓународното право“.

Министерството за надворешни работи на палестинската управа денеска „повика на итна акција на меѓународната заедница за ставање крај на злосторствата извршени особено на северот на Појасот Газа“.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници