(ВИДЕО) Франција: Нападната полициска станица поради казна за носење вел

Од:

Повеќе од стотина лица нападнаа полициска станица во францускиот град Трап, во текот на протестите поради инцидентот кој изби кога полицаец сакаше да напише казна поради носење муслимански вел.

Во насилството во Трап, западно од Париз, синоќа беа повредени еден тинејџет и четири полицијаци, а шест лица беа притворени.

Групата напаѓачи палеше контејнери и кршеше автобуски станици, по што полицијата беше принудена да исфрли солзавец.

Насилството избило во текот на протестното собирање поради апсење на маж, на чија сопруга и била врачена казна поради носење никаба. Мажот го нападнал полицаецот кој ја напишал казната.

На жените во Франција од 2011 година им е забрането носење вел.


Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина