(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Од:

Неколку стотици припадници на француските сили се обидуваат да ја вратат контролата врз делови од Нова Каледонија по шестата ноќ на насилни немири на островот во Пацификот.

Групи тешко вооружени француски маринци и полиција патролираат во главниот град Нумеа, каде што улиците се преполни со урнатини и пожари по уште една ноќ на насилство. Засега официјално е потврдена смртта на пет лица, додека стотици други се повредени.

Француските власти очекуваат дека со доаѓањето на специјалните сили од Франција ситуацијата ќе биде ставена под контрола.

– Засилувањата ќе ги контролираат областите кои ни се лизнаа од раце во последните денови – изјави највисокиот француски функционер на Нова Каледонија, Луј Ле Фран.

Повеќе од 1.000 припадници на специјалните сили се испратени на островот и може да се видат како се движат низ Нумеа во црвени беретки со гас-маски и штитови за немири.

Двајца жандарми се убиени, едниот е застрелан во главата, а другиот е убиен од пријателски оган, соопштија официјални лица. Меѓу жртвите имало и тројца староседелци од заедницата Канак.

Париз ја обвини сепаратистичката група позната како CCAT дека стои зад немирите. Десет активисти за независност се ставени во домашен притвор и властите ги обвинуваат за организирање насилство.

Нова Каледонија е француска колонија од 19 век и населението е поделено околу тоа дали архипелагот треба да остане под контрола на Париз или да стане независна земја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски