Возило експлодира на мост што ги поврзува САД и Канада во близина на Нијагарините водопади, објави ФБИ. Инцидентот се случил на мостот Виножито еден ден пред Денот на благодарноста во САД, еден од најпрометните денови во годината.
LATEST: The Rainbow Bridge connecting the U.S. and Canada at Niagara Falls, New York, has been closed after a vehicle explosion, according to the FBI.
The Niagara Falls NY Mayor’s Office has released a statement: "There has been an incident involving a vehicle coming into the… pic.twitter.com/R4AAx0sm6J
— ABC News (@ABC) November 22, 2023
Фокс њуз објави дека експлозијата на патниот премин САД-Канада кај Нијагарините водопади е обид за терористички напад, повикувајќи се на неименувани извори, пренесува Ројтерс. Новинската агенција понатаму јавува дека Фокс, повторно повикувајќи се на неименувани извори, наведува дека двете лица кои биле во автомобилот кој експлодирал се мртви, а граничниот агент е повреден.
Во меѓувреме, канцеларијата на градоначалникот на Нијагарините водопади, Роберт Рестајн, објави соопштение во кое се вели: „Имаше инцидент со возило кое доаѓаше во САД. Федералните власти моментално ја истражуваат ситуацијата“.
Очевидци изјавија дека слушнале експлозија и виделе чад непосредно пред да пристигне полицијата.
– Слушнавме дека нешто пукна, рече еден сведок и додаде „Видовме оган и голем, црн чад“.