ВИДЕО: Филмски грабеж на камион во Холандија

Од:

Холандската полиција уапси пет лица кои од камион во движење украле неколку стотици смартфони Епл. Уапсените се мажи на возраст меѓу 33 и 43 години и сите се романски државјани.

Според полициските извештаи, крадците користеле специјално модифициран автомобил, со којшто се доближиле до камионот, па така, еден од разбојниците успеал да влезе во камион. Потоа, тој само им ги предавал смартфоните на своите придружници.

Вредноста на украдената стока се проценува на 593.000 долари.

Пред пет години, романската полиција објави видео, снимено од полициски хеликоптер, на коешто се гледа истиот начин на кражба.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи