ВИДЕО: „Феменките“ разголени се шетаа низ муслиманската четврт во Париз

Од:

Разголени активистки на украинското феминистичко движење „Femen“ по повод отворањето на канцеларијата во Париз, продефилираа низ муслиманскиот кварт во Париз.

„Се наоѓаме во еден од најопасните квартови во Париз, каде што живеат радикални исламисти. Тоа не е во спротивност со стратегијата на движењето Фемен, никогаш не сме барале полесен пат“ – рече Ина Шевченко, припадничка на движењето која летоска пребега во Франција.

Дефилето е организирано под слоганот „Французи, соблечете се“ а за обезбедување беа ангажирани голем број на полициски службеници. Шевченко кажа дека полуголите девојки редовно ќе дефилираат низ улиците на Париз, и дека тоа ќе го прават Украинки но и Французинки.

Активистките ги повикаа и муслиманските жени да се соблечат.

Движењето Фемен наскоро планира да отвори претставништва во Сао Паоло, Њујорк и Монтреал. Основано во 2008 година, движењето стана познато во 2010 после протестите на разголените активистки во Русија, Украина и Велика Британија.

Феминистичкото движење сеуште не е официјално регистрирано во Украина, земјата од каде што потекнуваат членките на движењето. На 15 септември Фемен се регистрира во Франција.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски