ВИДЕО: Евакуирани околу 60 илјади луѓе од сепаратистичките региони во Украина

Од:

Повеќе од 60 илјади луѓе ја минале границата со Русија откако во петокот беше објавена масовна евакуација од двете кризни подрачја во Украина, самопрогласените проруски републики соопшти руското Министерство за вонредни состојби.

Паралелно со ова официјална Москва соопшти дека граната истрелана од Украина уништила пограничен објект што го користела руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), во момент на загриженост на Западот за ескалација на борбите во источна Украина.

„На 21 февруари, во 9:50 часот (06:50 ГМТ), проектил испукан од Украина целосно уништи граничен објект што го користеше граничната служба ФСБ во Ростовската област на околу 150 метри од руско-украинската граница“, се вели во соопштението на ФСБ.

Украинската војска негираше дека гранатирала пограничен објект што го користи руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), нарекувајќи го тврдењето на Москва – „лажни вести“.

„Не можеме да ги спречиме да ги произведуваат овие лажни вести, но секогаш нагласуваме дека не пукаме во цивилна инфраструктура, или на некоја територија во Ростовската област или што било друго“, изјави портпаролот на украинската војска Павло Ковалчук.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски