ВИДЕО: Ескалираат судирите меѓу Хезболах и Израел

Од:

Израелските одбранбени сили објавија дека дошло до значителна ескалација на конфликтот со Хезболах. Хезболах истрела бројни противтенковски проектили од Либан кон Израел, гаѓајќи ги и воените и цивилните позиции и предизвикувајќи жртви на двете групи, изјави портпаролот на израелската војска, потполковник Џонатан Конрикус. Конрикус додаде дека Хезболах исто така се обидел да се инфилтрира во Израел и бил спречен од војската.

„Она што Хезболах го прави сега е вовлекување на Либан во конфликт од кој сигурно нема да има корист“, рече Конрикус. Хезболах соопшти дека вчера извршил шест напади врз позиции на израелската војска долж целата либанска граница користејќи наведувани проектили, митралези и минофрлачи од 57 милиметри.

Би можело да ве интересира

EuroMed: Израел уби најмалку 110 Палестинци од почетокот на прекинот на огнот во јануари

Израелската армија го нападна складиштето за оружје на Хамас во Сирија

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Хамас му предаде тројца израелски заложници на Црвениот крст

Пентагон: Израел ќе купи оружје од САД во вредност од 7,4 милијарди долари

Хамас утре ќе ослободи нови тројца израелски заложници